Англиските навивачи незадоволни од Топс, нема замена за Панини!

Италијанскиот Панини не го произведува популарниот албум со сликички на фудбалерите на Европското првенство (ЕП) 2024 година.Таа работа ја презеде американскиот Топс, кој ќе произведува сликички и за ЕП 2028 година, за ЕП за жени 2025, и за Лигата на нации (ЛН) 2028 година.

Нивниот албум и сликичките за претстојното ЕП веќе се пуштени во продажба, но навивачите се многу незадоволни и повеќето реакции за проектот Топс се негативни.

На интернет особено се видливи коментарите на навивачите на Англија кои не можат да разберат по кој критериум се избрани 20-те играчи на нивната репрезентација кои се застапени во албумот.

Во албумот се појавуваат Џордан Пикфорд, Хари Кејн, Кол Палмер, Лук Томас, Хари Мегваер, Киран Трипиер, Лук Шо, Трент Александер-Арнолд, Марк Геи, Фикајо Томори, Рико Луис, Еберечи Езе, Деклан Рајс, Џордан Хендерсон, Џуд Белингам, Маркус Рашфорд, Џерод Боувен, Џек Гралиш, Оли Воткинс и Калум Вилсон.

Испуштени се Фил Фоден и Букајо Сака, младите асови на Манчестер сити и на Арсенал, сезонава најдобрите играчи во Премиер лигата.

Во тимот на Франција го нема Килијан Мбапе поради проблеми со лиценцирањето.

Инаку, Панини го издаде првиот албум со сликички на фудбалери во пресрет на Светското првенство (СП) 1970 година во Меиско. Оттогаш па досега, италијанскиот бренд се здоби со култен статус во меморијата на многу генерации навивачи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО