Од селекцијата на Полска смируваат: Повредата на Левандовски не е сериозна

Селекторот на репрезентацијата на Полска – Михал Пробиерц ги коментираше повредите на капитенот Роберт Левандовски и Карол Свидерски, поради кои беа принудени да бидат заменети на пријателскиот натпревар со Турција (2:1) одигран во понеделникот вечерта. „Роберт Левандовски има лесна повреда и не би требало да има проблем со тоа. Карол Свидерски го измести зглобот. Повеќе ќе знаеме дури по прегледот“, изјави Пробиерц.

Според медиумите од Полска, повредата на Свидерски исто така не треба да го спречи да игра на УЕФА ЕУРО 2024 година. Пред тоа Полска загуби уште еден напаѓач Аркадиуш Милик. Тој се повреди на натпреварот против Украина (3:1) и ќе го пропушти Европското првенство во Германија. Репрезентацијата на Полска е во групата Д заедно со селекциите на Австрија, Холандија и Франција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО