Герет Саутгејт има најголема плата меѓу селекторите

Во петок во Минхен, на арената „Алијанц“, ќе биде отворено Европското првенство (ЕП) со мечот меѓу домаќинот Германија и Шкотска. Како што се приближува стартот на ЕП, во јавноста излегуваат се’ поинтересни информации и детали.

„Фајненс фудбал“ објави список со годишните плати на сите селектори на 24-те репрезентации учеснички на ЕП. Најплатен е Герет Саутгејт, кој добива 5,8 милиони евра годишно за раководење со англиската репрезентација.

Првиот следен на таа листа добива дури еден милион евра помалку, а тоа е Германецот, Јулијан Нагелсман. Првата тројка ја затвора селекторот на Португалија, Роберто Мартинез со годишна плата од четири милиони евра.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ е на деветтото место на листата со плата од 1,5 милиони евра годишно. Зад него, на 12-то место, е селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, кој заработува 1,4 милиони евра. Словенечкиот селектор Матјаж Кек (на делба на 20-то место) има годишна плата од 300.000 евра!

Платите на сите селектори

  1. Герет Саутгејт (Англија) – 5,8 милиони евра
  2. Јулијан Нагелсман (Германија) – 4,8
  3. Роберто Мартинез (Португалија) – 4
  4. Дидие Дешам (Франција) – 3,8
  5. Роналд Куман (Холандија) – 3

Лучијано Спалети (Италија) – 3

  1. Виченцо Монтела (Турција) – 1,8
  2. Мурат Јакин (Швајцарија) – 1,6
  3. Златко Далиќ (Хрватска) – 1,5

Ралф Рангник (Австрија) – 1,5

Доменико Тедеско (Белгија) – 1,5

  1. Драган Стојковиќ (Србија) – 1,4
  2. Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 1,25

Серхиј Ребров (Украина) – 1,25

  1. Каспер Хјулманд (Данска) – 1,15
  2. Силвињо (Албанија) – 750.000
  3. Михал Пробиерц (Полска) – 560.000
  4. Стив Кларк (Шкотска) – 550,000
  5. Франческо Калцона (Словачка) – 540.000
  6. Матјаж Кек (Словенија) – 300.000

Марко Роси (Унгарија) – 300.000

  1. Иван Хашек (Чешка) – 250.000
  2. Едвард Јорданеску (Романија) – 240.000
  3. Вили Сањол (Грузија) – 200.000 евра

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО