На стадионот „Енфилд“ на мечот Ливерпул – Брајтон (2:1) беше поставен нов клупски рекорд според посетеност на прволигашки натпревар
На „Енфилд“ имаше 60.061 луѓе, подобрувајќи ја претходната бројка од 59.947 гледачи на домашниот натпревар против Манчестер сити минатиот месец.
Со проширувањето на трибината „Енфилд роуд“, Ливерпул бележи нови рекорди според посетеност во лигата. Претходно најголемата бројка навивачи на лигашки меч беше регистирана во 1949 година, кога Ливерпул го пречека Челси, пред 58.757 навивачи.
Рекордна посетеност на „Енфилд“ на сите времиња, 61.905 гледачи, забележана е на натпреварот од ФА купот против Вулверхемптон во 1952 година.