Лука Дончиќ синоќа со 47 поени, 12 скока и седум асистенции ги предводеше Далас маверикс до победа над Хјустон рокитс, 125:107 (45-29), со што неговиот тим се проби на петтото место на Западот.
Словенецот сезонава пропушти девет натпревари, ова му беше 65. настап, со што ги исполни новите критериуми на НБА лигата за добивање поединечни награди. Меѓу нив е и вклучување во една од првите три петорки сезонава, а сосема е сигурно дека во првата ќе биде Дончиќ.
Сепак, во било која од нив ќе биде доволно за да се исполни критериумот за потпишување на „супермакс“ договорот во летото 2025 година. Тоа ќе биде најголемиот договор во историјата, а Дончиќ најверојатно ќе биде првиот кошаркар кој во една сезона ќе добива над 80 милиони долари.
„Супермакс“ е договор што можат да го потпишат само играчи со минимум седум години играње во НБА (затоа не може да го потпише летово) и кои исполниле одредени услови, како настап на Ол-стар или избор во Ол-НБА тим.
Со вклучување во Ол-НБА тимот годинава, Дончиќ ќе го исполни и последниот критериум. „Супермакс“ нема фиксна сума, но вреди 35 отсто од „салари капот“ за одредена година.
Според предвидувањата за 2025 година, тоа би значело дека Дончиќ може да потпише петгодишен договор вреден 346 милиони долари или 69,2 милиони по сезона. Но, бидејќи годишните исплати се зголемуваат, лесно може да надмине 80 милиони во последната година.
Дончиќ моментално е во втората година од петгодишниот договор вреден 215 милиони. Сезонава тој ќе заработи 40 милиони, следната 43, па 46, а потоа ќе ги одбие 49-те милиони во летото 2026 година, за да го активира новиот договор.
Доколку го потпише споменатиот „супермакс“ на пет години, тој ќе биде врзан за Далас до 2031 година, кога ќе има 32 години.
Најголем „супермакс“ договор во НБА моментално има Џејлен Браун од Бостон селтикс, кој лани потпиша петгодишен договор за 304 милиони, но како што ќе се зголемува „селари капот“ секоја година, така ќе се зголемува и максималната сума од договорот.
Luka Doncic has reached the 65-game criteria.
He is now eligible for MVP and All-NBA honors.
Doncic will also reach the super max criteria when he is named All-NBA this offseason.
He will be eligible to sign a five-year $346M super max extension in the 2025 offseason.
The…
— Bobby Marks (@BobbyMarks42) April 1, 2024