Мбапе избра бројче во Мадрид на една сезона – следната ќе го менува

Вчера беше потврден трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, каде што доаѓа како слободен играч.

Францускиот фудбалер ќе биде огромно засилување за Реал, а веќе е познато кое бројче ќе го носи доскорашниот фудбалер на ПСЖ.

Како што пренесуваат добро информираните медиуми, но и новинарот Фабрицио Романо, на Мбапе му бил понуден бројот 10, кој го носи низ кариерата, но не сакал да го задолжи од Лука Модриќ, бидејки имал голема почит за него, па ќе ја задолжи деветката на Карим Бензема, кој е негов сонародник.

Модриќ веќе со години ја носи десетката во Реал, а Мбапе ќе почека барем една сезона за да го задолжи тоа бројче, бидејки Хрватот ќе игра уште една сезона за Реал.

Така направи и Кристијано Роналдо во минатото, кога го сочека бројот седум, кој тогаш беше во сопственост на легендарниот Раул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО