НХЛ лига: Флорида пантерс се на меч до првиот Стенли куп

Флорида пантерс ги дели една победа до освојување на првиот Стенли куп во клупската историја, во канадско-американската професионална хокеарска лига, НХЛ.

Тие синоќа на гости ги победија Едмонтон оилерс со 4:3 и поведоа со 3:0 во финалната серија. Следниот натпревар се игра повторно во Едмонтон, во сабота.

Натпревар беше навистина неизвесен. Пантерите во последната третина влегоа со ведство од 4:1 со головите на Сем Рајнхарт, Владимир Тарасенко, Сем Бенет и Александар Барков. Единствениот гол за Оилерс, на почетокот од вториот период, го постигна Ворен Фогл, за израмнување на 1:1.

Но, во последната третина Оилерс намалија на 2:4, со голот на Филип Броберг, а потоа и на 3:4 преку Рајан Меклод. Но Флорида сепак успеа да се одбрани до крајот на мечот, најмногу благодарение на голманот Сергеј Бобровски, кој одбрани 32 удари. Голманот на Едмонтон Стјуарт Скинер имаше 19 одбрани.

Тимовите што воделе со 3:0 во финалната серија, во  27 од 28 случаи ја освојувале титулата, односно Стенли купот. Единствениот тим што ја има анулирано негативата од 0:3 беше Торонто Мејпл лифс против Детроит Ред вингс во 1942 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО