Ѓоковиќ успеа да режира епски пресврт, па порача: Она што ми се случи денеска, не знам…

Неверојатен меч денеска одиграа Новак Ѓоковиќ и Франсиск Серундол во осминафиналето од Ролан Гарос.

Српскиот тенисер прв поведе во мечот, а потоа Аргентинецот направи пресврт на 2:1, по што го стави Ѓоковиќ под притисок дека мора да прави пресврт доколку сака да остане во четвртфиналето.

Српскиот тенисер Ѓоковиќ истакна дека победата им ја посветува на навивачите, бидејки тие биле неговата амајлија на овој натпревар.

– Уште еднаш ќе зборувам на француски, затоа што го заслуживте тоа. Уште еднаш големо Благодарам за вас, како и на претходниот натпревар, ова е ваша победа, исто се случи и со Мусети, кога имав негатива од 1-2, се смени енергијата во четвртиот сет и работите се променија, ми дадовте некоја посебна енергија и вечерва, ви благодарам.

– Ова е меч кој можев да го загубам, бев на неколку поени од тоа. Серундол играше одлично, ме натера да мислам дека ќе биде пеколно тешко и така беше. Не знам како победив, едноставното објаснување сте вие, порача Новак Ѓоковиќ кон публиката.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО