НБА, плеј-оф: Бостон прв полуфиналист на Истокот

Бостон селтикс е четвртиот тим што се пласира во второто коло од НБА плеј-офот сезонава, прв во Источната конференција.

Во реприза на минатогодишното финале на Истокот, Бостон убедливо го совлада Мајами хит во петтиот натпревар со 118:84, за вкупни 4:1. Џејлен Браун и Дерик Вајт го предводеа Бостон до победата постигнувајќи по 25, а Сем Хаузер даде 17 поени.

Отсуството на повредениот Џими Батлер беше ненадоместливо за Хит во оваа серија, а најдобри во негово отсуство, на петтата средба беа Бам Адебајо со 23 и Тајлер Херо со 15 поени.

Противник на Селтикс во полуфиналето на Истокот ќе биде подобриот од дуелот меѓу Кливленд кавалирс и Орландо меџик (Кливленд моментално води со 3:2).

Претходно во втората плеј-оф рунда на Западот се пласираа Оклахома Сити тандер, Минесота тимбервулфс и бранителот на титулата, Денвер нагетс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО