Хумелс: Одигравме зрело, сакаме да играме на „Вембли“

Искусниот дефанзивец на Борусија Дортмуд, Матс Хумелс смета дека германскиот тим одиграл „зрел“ натпревар против ПСЖ, синоќа на „Сигнал Идуна Парк“. Борусија го победи ПСЖ со 1:0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ).

– Одигравме врвен натпревар. Многу зрела игра од нас. Си помагавме еден на друг 90 минути. Не е лесно да се остане смирен и да се донесат правилни одлуки во полуфиналето од Лигата на шампиони, но тоа го правевме добро. Секако дека сакаме да играме на „Вембли“, но мечот во Париз ќе биде тежок. Ако сакаме да стигнеме до финалето, мора да покажеме нешто и во реваншот, изјави Хумелс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО