ЛШ: Алборг и Магдебург во завршницата, бранителот на титулата мина на пенали

Данскиот Алборг и германскот Магдебург, бранителот на титулата, се првите два тима што се пласираа во завршницата од ракометната Лига на шампиони (ЛШ).

Алборг ја надомести негативата од еден гол од првиот натпревар против Веспрем, победувајќи дома со 33:28. Најефикасен кај Алборг беше Мадс Хоксер Хангард со девет гола. Микита Вајлупов постигна шест гола за Веспрем.

Многу подраматично беше во дуелот меѓу минатогодишните финалисти, Магдебург и Киелце. Магдебург на домашен терен мораше ја бркаше негативата од еден гол од првиот меч, во што и успеа, победувајќи со 23:22.

Бидејќи вкупниот резултат беше изедначен, се шутираа седмерци. Но по серијата од по пет удари немаше победник бидејќи ракометарите на двата клуба по трипати беа прецизни. Сергеј Ернандез Ферер за Магдебург и Андреас Волф за Киелце одбранија по два удара.

Еден од трагичарите на полскиот клуб беше Хрватот, Игор Карачиќ, кој промаши седмерец во првата серија, додека Алекс Душебаев не искористи шут за победа во петтата серија. Ферер го казни тоа со одбранување на ударот на Дилан Нахи во шестата серија, а Омар Инги Магнусон потоа постигна гол за триумф на Магдебург.

Магнусон беше најдобар поединец кај германскиот тим во 60-те минути со шесте гола, додека кај гостите Алекс Дујшебајев, со четирите гола.

Другите два тима што ќе се пласираат на завршиот турнир во Келн (8 и 9 јуни) ќе ги дознаеме вечерва. Во првиот меч Монпелје брани огромно водство од девет разлика против Кил. Слично ќе биде и во вториот натпревар, во кој Барселона влегува со осум гола предност против ПСЖ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО