НБА драфт за историја? Првите два избора би можеле да бидат Европејци?

Годинашниот НБА драфт ќе биде посебен и историски по многу нешта. За првпат ќе се одржува два дена. Втора година по ред, по Виктор Вембањама, прв пик би можел да биде Французин. Можно е и двајца Европејци да се најдат на првите две места, исто така за прв пат во историјата.

Двајца Французи, Алекс Сар и Закари Рисахер се сметаа како потенцијален прв и втор избор. Некое време се чинеше дека дури тројца европски играчи може да бидат на врвот, но сезоната на Србинот, Никола Топиќ ја прекинаа повредите на коленото што „олади“ многу тимови.

Сар е 19-годишен Французин кој дошол во Реал Мадрид како 14-годишник, а по две години отишол во Америка и се развивал во тамошната елитна приватна лига за надарени деца. Минатата сезона стекнуваше искуство во Австралија, играјќи за Перт, со ефект од 9,4 поени, 4,3 скока и 1,5 блокади по натпревар.

Тој е центар, висок 2,13 метри, чии најголеми адути се одбранбените инстинкти, но во однос на физиката, техниката, па дури и скокањето, е далеку од нивото на НБА.

Неговиот сонародник и врсник, синот на поранешниот француски репрезентативец и сребрен олимпиец од Сиднеј 2000-та, Стефан Рисахер, имаше поконвенционален пат. Како момче се проби низ јуниорските селекции на Асвел, а минатата сезона беше на заем во францускиот прволигаш Бург.

Станува збор за 2,05 метри висок крилен напаѓач кој е најпознат по одбранбените способности, но лани драстично ги подобри шутерските проценти и скокна на самиот врв во прогнозите на речиси сите аналитичари.

Никола Топиќ висок 1,98 метри на почетокот од сезоната се спомнуваше како ново српско чудо. Младиот 17-годишен бек блескаше во АБА лигата, во дресот на Мега, но набргу се врати во матичниот клуб. Црвена ѕвезда на средината од сезона и веднаш го повреди коленото.

Се врати прерано за да им покаже на „скаутите“ дека е здрав и спремен за драфтот, но ја влоши истата повреда на коленото.

Меѓу првите 10 би можел да се најде уште еден Европеец, односно Американец со литванско потекло, Матас Бузелис, сестран 19-годишен крилен центар висок 2,06 метри, кој е добар во се’, но во ништо не е одличен!

Посебна приказна на драфтот е Зак Еди, 2,24 метри високиот Канаѓанец со кинеско потекло, двапати најдобар колеџ играч на годината, кој ќе биде највисокиот играч во лигата, со Виктор Вембањама.

Но, Еди ја нема ни приближно таа мобилност. Тој е старомоден тежок центар, доминантен на постот, но со бавни стапала, поради што некои го сметаат за бескорисен во денешната НБА одбрана.

Најголема ѕвезда меѓу сите нив е Брони Џејмс, 19-годишниот син на Леброн, кого многумина не го ни сметаат за НБА потенцијал, а камоли за играч кој би можел да придонесе за тимот.  Брони не порасна како татко му, остана на само 1,87 метри, а најголеми играчки квалитети му се во одбраната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО