По елиминацијата на Србија од Европското првенство (ЕП), прв за „отстрел“ е селекторот Драган Стојковиќ Пикси (59), на кого му се забележуваат многу работи, од лошото водење на тимот, до составот, тактиката, измените итн.
Пред решавачкиот меч синоќа со Данска, на прес-конференцијата и под објавата на официјалниот X профил на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), корисниците се „согласија“ дека Пикси бил пијан!
За нив спорно е однесувањето на Пикси. „Овој тип е пијан“, „Тој е „убиен“ од алкохол“, „О, тој е мамурлив“, „Или е нон-стоп пијан или се дрогира“, „Овој човек е дискутабилен, некохерентен и нема поим што ќе каже. А можеби тоа е само одраз на сè овде“, се дел од коментарите.
👊🏻🇷🇸 Селектор Драган Стојковић о мечу одлуке са Данском.#DENSRB #EURO2024 pic.twitter.com/H1Bxm1j0vR
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) June 23, 2024