Марта ја завршува репрезентативната кариера

Една од најголемите фудбалерки во историјата, Бразилката Марта, потврди дека ја завршува репрезентативната кариера.

– Ова ми е последна година, тоа можам да го потврдам. Времето за заминување дојде. Многу сум мирна во врска со ова, бидејќи сум голем оптимист за развојот на младите играчи, изјави 38-годишната Марта.

Бразил ќе игра на Олимписките игри (ОИ) во Париз летово, што ќе биде последен голем настан за Марта, доколку биде избрана во селекцијата на Бразил.

– Ако одам на Игрите ќе уживам во секој момент. Без разлика на се’, ова ми е последна година со репрезентацијата, истакнува Марта.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО