Навивач на ПАОК го плукна Лесор, овој тргна кон толпа навивач да се пресмета (ВИДЕО)

Кошаркарите на Панатинаикос се изборија за пласман во полуфиналето од грчкиот плеј оф, откако по продолженија го совладаа тимот на ПАОК нагости со 89:83.

По натпреварот се случи една грда ситуација, а еден од главните актери во приказната беше Матијас Лесор.

Некогашниот центар на Партизан пријде до трибините каде беа сместени навивачите на ПАОК со цел да се поздрави со еден пријател, инаку навивач на ПАОК, но потоа се случи невидена ситуација.

Навивач на клубот од Солун го плукна францускиот фудбалер, потоа Лесор ги загуби нервите и тргна да се пресмета со тој навивач, иако свесен дека има толпа на народ кој може да тргне кон него.

За среќа, соиграчите на Леклер успеаја да спречат поголема ескалација на настанот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО