Челси ќе бара нов тренер: Првиот пик на „сините“ е веќе лоциран

Челси имаше една од полошите сезони во поновата ера на фудбалот, а најверојатно ќе го менуваат тренерот од идната сезона.

Пред последното коло во Премиерлигата, Челси е шестопласиран, има повеќе бодови од Њукасл и Манчестер Јунајтед, но влегува и со подобра гол разлика, така да треба да се случи чудо за Челси да го загуби шестото место.

Споменатата позиција води во Лига Европа ако Манчестер Сити го освои ФА Купот, но доколку Јунајтед го освои ФА Купот, тогаш ќе играат во Лига на конференции.

Веќе почна да се шпекулира со заминувањео на Маурисио Покетино, а со таква опција се наметнува прашањето и што после него, односно која би била новата опција.

Според европските медиуми, Челси веќе го контактирал младиот стратег Киеран МекКена, кој на сензационален начин го доведе Ипсвич во Премиерлигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО