Де Роси: Да ја завршиме сезоната триумфално, па да зборуваме за нов договор

Даниеле Де Роси е блиску до нов договор со Рома, тврдат медиумите, но и самиот стратег на римската волчица.

По заминувањето на Жозе Мурињо, Рома принудно и привремено го постави Де Роси за нов тренер, но по се изгледа се задоволни од неговиот ангажман досега, па договорот ќе го продолжат на уште една сезона.

  • Во Рома нешто ќе мора да се менува, претходно тука беа и Мурињо и Фонсека, се трошеше и на крајот завршувавме шести или седми, тоа мора да се промени. Првиот приоритет за една екипа треба да биде гладта за успех, така и кај нас. Не би сакал да одам во детали, но тимот ќе се менува, ќе се засилува.
  • Мојата задача е да го извадан најдоброто од актуелните играчи на Рома. Договор можеме лесно да постигнеме со Рома, тврди Де Роси.

Вечерва од 20:45 часот Рома ја пречекува екипата на Џенова во претпоследниот меч од Серија А сезонава. Во моментот котираат на 6. позиција, што е извесно дека таму и ќе завршат, бидејки Аталанта како петтопласирана е веќе во Лига на шампиони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО