Нагелсман: Потешко е да се влијае во репрезентација отколку во клуб

Младиот, 36-годишен селектор на германската репрезентација, Јулијан Нагелсман зборуваше за тешкотиите во работата со националниот тим.

– Потешко е да се влијае врз ситуација во репрезентација отколку во клуб. Со цел сите вистински да ги сфатат и да ги применат вашите идеи, треба многу да разговарате со Стручниот штаб и да имате индивидуални разговори со играчите. Треба да го изберете вистинското време за комуникација со нив за да тоа има влијание врз тимот.

Треба да изгледате многу натпревари, да размислите за потребите на секоја позиција, да дознаете кои играчи се соодветни за тие позиции, врз основа на тоа како играат во клубовите.

Треба постојано да се размислува за тоа кој може добро да се вклопи во тимот и кој играч ни треба за да не’ направи уште подобри. Зад сцената дискутираме многу, но во јавноста тоа не се забележува бидејќи не се гледаме на тренинзи секој ден и се разбира, не сме постојано во тренинг базата, истакна Нагелсман за официјалната интернет страница на УЕФА.

Германија во отвора Европското првенство (ЕП) во петок во Минхен, на мечот против Шкотска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО