Мбапе: За мене ова е прво нормално ЕП

Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе ги сподели своите очекувања од Европското првенство (ЕП) што ќе се одржи во Германија, од 14 јуни до 14 јули.

– За мене ова е првото нормално ЕП. Во 2021 година турнирот се одржа во многу земји, чувството беше поинакво. Затоа едвај чекам да почне ова во Германија. Сакам да оставам свој белег на теренот за време на првенството.

Доаѓаме во Германија да испишеме историја. Ова е наша работа, подготвени сме, гладни за успех, знаеме што треба да направиме. Ќе направиме нешто многу добро за нашата земја ако го донесеме пехарот дома. Но ќе мора да одиме чекор по чекор. Прво ни треба добра групна фаза, за потоа ќе видиме, рече Мбапе за „Спорт Билд“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО