Надал подготвен за пензија, елиминација уште на стартот на Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александар Зверев уште во првото коло на Грен Слем турнирот Ролан Гарос го елиминираше шпанскиот великан Рафаел Надал. Германецот славеше со 3:0 (6:3, 7:6 (7:5), 6:3) и го декласира рекордерот по број на титули (14) во Париз.

Ако им се верува на некои од претходните изјави на Рафа, тоа беше последниот танц за „кралот на земја“, кој во солзи го напушти Централниот терен на стадионот „Сузан Ленглен“, а беше придружуван со овации на публиката.

Што се однесува до самиот меч, Зверев многу подобро влезе во него и против моментално 275. тенисер во светот покажа дека во моментов е во многу подобра форма.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО