Надал ги почна подготовките за Париз – реакцијата на фановите доволно зборува

Рафаел Надал е блиску до одлуката да се пензионира, но и понатаму покажува знаци на живот, односно покажува дека сака да игра.

Од почетокот на сезоната, Рафа Надал најдобар резултат оствари во Мадрид, каде помина три кола, а потоа загуби од Јиржи Лехечка, во доста неизвесен натпревар.

Потоа Рафа беше поразен во Рим, во второто коло од Хуберт Хуркач, кој беше прилично убедлив и покажа класа.

Сето тоа ментално не го поремети многу Рафаел Надал, кој се врати во Париз и одработи прв тренинг, а присутните на трибини беа воодушевени од неговото појавување.

– Рафа се врати на теренот Филип Шатрие, со големата публика која го дочека, стои во објавата на Ролан Гарос на социјалните мрежи.

Ова буквално докажува дека Надал е ненадминлива фигура во Париз и дека овде кога и да се појави, тој секогаш ќе добива големи овации.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО