Вирц играч на сезоната – пет клубови веќе се „пријавиле“ за неговиот потпис

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц е прогласен за најдобар играч во Бундеслигата, а со тоа расте и интересот за него.

Нешто што никогаш не му успеало на Баерн Минхен во историјата, тоа го оствари Баер Леверкузен, успеа да остане цела сезона во Бундеслигата непоразен, што е подвиг за почит.

Учинокот на Вирц сезонава беше 11 погодоци и 11 асистенции, што го прави најдобар поединец на „фармацевтите“. Вирц за време на сезоната, доби три пати како играч на месецот.

Скоро сигурно него го очекува голем трансфер, а неговата вредност во моментот на трансфер пазарот изнесува околу 100 милиони евра.

Како што се пишува во Германија, за Вирц има сериозен интерес од екипата на Интер, Милан, Севилја, Атлетико Мадрид и Тотенхем, па на крајот, веројатно најдобрата понуда за играчот ќе биде пресудна.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО