Ван Дајк за доаѓањето на новиот тренер: Не би сакал да правам споредба..

Ливерпул сезоната ја заврши со победа против Волвс, каде практично се простија и од довчерашниот тренер Јирген Клоп.

По девет години должност на „Енфилд“, германскиот стратег реши дека е време за промена, односно повлекување, бидејки како што самиот рече, „снемал енергија“ водејки ја елипата.

Денеска Ливерпул го потврди доаѓањето на Слот Арне од Холандија, тренер за кого се уште се изготвува работна дозвола на Островот.

– Не би сакал да ја споредувам нашата ситуација со други тимови, но ни следува нешто ново. Има простор да напредуваме, да се развиваме. Со нетрпение ја очекувам следната сезона. Доаѓа нов тренер, а јас секогаш ќе бидам тука за него.

– Промените некогаш знаат да бидат опасни и страшни, но треба да му дадеме шанса да покаже зошто е ангажиран. Наше е да веруваме во одлуката на клубот за негово назначување и да видиме работите како ќе функционираат, порача Виргил Ван Дајк за доаѓањето на новиот тренер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО