Мурињо потврди дека одбил две големи репрезентации, се освна и на Манчестер Јунајтед

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо, откри дека го одбил селекторското место во репрезентацијата на Португалија, но и Англија.

„Специјалниот“ е во моментот без ангажман, бидејки пред месец дена заработи отказ во Рома, клуб во кој навивачите се уште тагуваат по него.

Португалскиот стратег во разговор со некогашниот англиски репрезентативец, Рио Фердинанд, откри дека претходните неколку години имал доста добри понуди, но дека истите редовно ги одбивал.

– Одбив неколку одлични можности за селектор. Една од нив беше многу тешко да ја одбијам, исклучително тешко, но ја одбив – клупата на Португалија. Можев да бидам нивни селектор, но можев да бидам и селектор на твојата репрезентација (на Англија), раскажува во разговорот со Фердинанд.

– Имав понуда на маса, да, требаше да бидам селектор на Англија. Што се однесува до работата во Манчестер Јунајтед, си ја сакав таа работа, но медиумите едноставно не ми го дозволија тоа, не ми помогнаа многу, бев под жесток притисок, порача Жозе Мурињо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО