Кејн со анализа кој е факторот поради што загубија кај Лацио

Хари Кејн се обиде да го сумира поразот на својот Баерн Минхен во Рим, во првиот осминафинален натпревар од ЛШ.

Баерн Минхен во Рим е поразен од Лацио со 1:0, а шампионот од Германија мечот го заврши со десет фудбалери, откако во 67. минута беше исклучен Дајот Упамекано.

– Зад нас е тешка недела, почнавме добро против Лацио. Во првиот дел имавме и некои големи шанси. Во вакви натпревари, тоа се големи моменти кои ние не ги искористивме. Второто полувреме едноставно беше големо разочарување, немавме самодоверба, порача Хари Кејн.

Реваншот ќе биде одигра 5. март во Минхен, каде домаќините ќе ја имаат помошта од домашната публика со која се надеваат дека ќе направат комплетен пресврт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО