Муниаин по деценија и половина си заминува од Атлетик

Капитенот на Атлетик Билбао, Икер Муниаин (31) ќе го напушти „Сан Мамеш“ како слободен фудбалер на крајот од сезоната, соопштија од баскискиот клуб. Договорот на офанзивниот играч за врска нема да му биде обновен, но клубот ќе му приреди свечено испраќање на легендарниот играч.

Тој во тимот од Баскија мина 15 години, одигра  557 натпревари, постигна 75 гола и  имаше 70 асистенции во сите конкуренции. Муниаин освои два шпански Суперкупа, како и еден „кралски куп“, сезонава.

– Признавам дека тука ги минав најдобрите моменти во мојот живот. Но сега, љубов моја, дојде време за разделба, изјави Муниаин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО