Мегваер: Јунајтед секогаш е во фокусот

Корпулентниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, вели дека „црвените ѓаволи“ секогаш се тема за анализа и дека тоа не е ништо чудно бидејќи се вбројуваат меѓу фудбалските гиганти.

– Јас сум во овој клуб доволно долго за да знам дека секогаш има врева околу него, без разлика дали е тоа поради менаџерот или играчите. Играчите се под голем притисок и кога губиме натпревари или играме лошо, а и менаџерот е под притисок.

Сите знаеме дека главната работа е да останеме фокусирани, да се држиме до своите цели за сезоната и да останеме заедно. Веруваме дека можеме да постигнеме уште многу, нагласи Мегавер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО