Шпанскиот „Мундо Депортиво“ негативно ја оцени арбитражата на полуфиналниот натпревар меѓу Холандија и Англија, 1:2 на кој правдата ја делеше судискиот тим предводен од Феликс Цвaјер (Германија).
– Пеналот што го сугерираше ВАР-от за опасната игра на Дамфрис врз Кејн беше многу чуден. Тоа доведе до израмнување и до почеток на кам-бекот на Англија по одличниот гол на Чави Симонс.
Имаше момент што судијата не го забележа кога шутираше Кејн. Поради динамиката на ударот, неговата нога се судри со ногата на дефанзивецот кој сакаше да го спречи ударот.
Контактот е очигледен, но кој, кого удира? Врз основа на овој критериум, колку пенали ќе се досудуваат ако играч по шутот, со ногата удри друг играч, а топката веќе е во облаците?
Во вториот дел германскиот судија Феликс Цвајер беше неверојатен. Ова е грабеж кој ќе влезе во фудбалската историја“, напиша „Мундо Депортиво“.