Француски судија ќе ја дели правдата на финалето од ЕП

Французинот, Франсоа Летексие ќе го суди финалето на Европското првенство (ЕП) меѓу Шпанија и Англија, во недела од 21 часот. на Олимпискиот стадион во Берлин.

Летексие, 35-годишниот судија, ја делеше правдата три натпревари на ЕП, Шпанија – Грузија, Данска – Србија и Хрватска – Албанија. Тој беше четврти судија и на воведниот меч меѓу Германија и Шкотска.

Помошници на Летексие ќе бидат сонародниците, Сирил Муниер и Мехди Рахмуни, а четврти судија ќе биде Полјакот, Шимон Марчинјак

Жером Брисар од Франција ќе биде главен во ВАР просторијата, а ќе му помагаат Вили Делаџо и Масимилијано Ирати од Италија. За резервен помошен судија е назначен Томаш Листкиевич од Полска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО