Миовски стрелец за Македонија, одигравме нерешено против Молдавија

Репрезентацијата на Македонија одигра 1:1 против репрезентацијата на Молдавија, меч беше одигран во Анталија.

Ова е сепак меч од пријателски карактер и можеа двајцата селектори да тестираат на повеќе позиции и репрезентативци, а на натпреварот немаше победник.

Во првиот дел Македонија беше нешто поагилна на терен, а водството дојде во самиот финиш на првиот дел, кога една одбиена топка од голманот на Молдавија, Бојан Миовски ја смести во мрежата на противникот, по што се замина на пауза.

Македонија се обидуваше во вториот дел да го дуплира водството, но тоа не им успеа, па Молдавија доаѓа до 1:1 во самиот финиш од натпреварот, со атрактивен ножички потег, за конечни 1:1.

Следниот меч на кој Македонија ќе тестира и ќе виде до каде е мечот против Црна Гора в понеделник.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО