Тео Ернандез ќе го напушти Милан во летниот преоден
Според добро информираниот новинар Матео Морето, Тео Ернандез не го продолжил договорот со Милан и како што стојат работите тоа нема да се случи.
Истиот извор тврди дека негов следен клуб ќе биде Баерн Минхен. Ернандез е во Милан од летото 2019 година кога дојде од Реал Мадрид.
Неговата моментална пазарна цена е 60 милиони евра. Тоа е минимумот што Баварците ќе треба да го платат за услугите на францускиот репрезентативец.