Клоп со еден потег го префрла притисокот врз Челси во финалето од Карабао купот

Во недела на програмата е финалето од Карабао купот на Англија, во кое ќе се состанат екипите на Ливерпул и Челси.

Лидерот во Премиерлигата по се судејки е фаворит во финалето, но така не мисли и Јирген Клоп, кој го посочи Челси како фаворит во ова финале, што многумина нема да се согласат со таквиот став.

– Дали сме фаворити? Дефинитивно не. Откако последен пат игравме со Челси, тие далеку се подобри, напредуваа, ќе биде неизвесно. Мора да бидеме подготвени за финалето, но реков и пред натпреварот против Лутон, се додека имаме здрави 11 фудбалери, има за што да се бориме на терен, порача Германецот.

Ливерпул последното коло имаше дуел во ПЛ против Лутон, кој го победија со 4:1, но на овој натпревар им недостасуваа големи имиња, како Салах, Арнолд, Нуњез, Жота, Собослај, Алкантара, Матип и Џонс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО