Премиер лига: Уапсени двајца фудбалери поради наводно силување

Двајца фудбалери од Премиер лигата биле уапсени поради поврзаност со наводно силување. Двајцата, играчи од ист клуб, на возраст од 19 години, биле ослободени со кауција откако бил интервјуирани од полицијата.

– Полицајците уапсија двајца мажи по пријава за силување. Еден 19-годишен маж беше уапсен под сомнение за напад, помагање и поттикнување на силување. Вториот 19-годишник е уапсен под сомнение за силување, изјави портпаролот на полицијата.

Прв веста ја објави весникот „Сан“, кој соопшти дека наводниот напад се случил во петокот. Не е познато дали играчите се суспендирани до исходот од полициската истрага.

Премиер лигата воведе задолжителен тренинг за сексуална согласност за играчите и персоналот во 2022 година, по инцидентите од висок профил во кои беа вклучени фудбалери од највисоката лига.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО