Ѓоковиќ размислува за повлекување од Ролан Гарос: Не знам дали ќе играм во четвртфинале!

Новак Ѓоковиќ размислува за повлекување од Ролан Гарос поради здравствени проблеми по пласманот во четвртфиналето.

Српскиот тенисер имаше сериозни проблеми на моменти на вчерашниот меч од осминафиналето против аргентинскиот тенисер Франсиск Серундол, против кој мораше да направи пресврт за да обезбеди следната фаза.

– Последните недели чувствувам нелагодност во десното колено, но се до овој меч немаше поголеми пробеми. Повеќе пати проклизав, барав физиотерапевт и медицински тајм-аут, тоа ја поремети мојата игра, не бев сигурен на терен. Барав лекови, пиев дополнителна доза и по третиот сет.

– Требаше да делуваат 30 до 45 минути, но лековите нема да траат довека. Морам да направам некои тестови, но има работи кои ме загрижуваат. Многупати проклизав и затоа ми се случи повреда на коленото. Преживеав, но не знам дали ќе го играм следниот меч, не знам колку е ситуацијата сериозна. Да се бришеше почесто теренот, можеби ќе ја спречевме оваа повреда, порача Новак Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО