Кој е најсериозен кандидат за тренерско место во Ајакс?

Тренерот на Ница, Франческо Фариоли може да го предводи холандскиот гигант Ајакс. Ова го објави новинарот Џанлука Ди Марцио на својата официјална веб-страница.

Според новинарот, клубот од Амстердам е импресиониран од работата на италијанскиот тренер во Ница и го смета за најсоодветен кандидат за тренерското место на Ајакс. Се истакнува дека клупските газди наскоро ќе донесат одлука за Фариоли, кој би можел да го води холандскиот тим следната сезона по заминувањето на привремениот тренер Џон Ван ‘т Шип.

Потсетуваме дека претходно беше објавено дека Ајакс е заинтересиран за поранешниот тренер на лондонски Челзи, Грем Потер. Фариоли е на чело на Ница од јули 2023 година. Под негово водство францускиот тим се наоѓа на петтото место на табелата во Лига 1, со 51 бод по 31 натпревар. Пред ова, Фариоли беше главен тренер во турските клубови Фатих Карагумрук и Аланијаспор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО