Марковиќ е новиот тренер на ГРК Тиквеш

По разделбата со Раде Стојановиќ кој замина во Словенија, ракометниот клуб Тиквеш денеска го објави името на новиот тренер. Станува збор за искусниот босански стратег, Драган Марковиќ, кој минатата сезона го водеше Динамо Панчево.

54-годишникот зад себе има солидна тренерска кариера во која мина и низ Бундеслигата. Марковиќ работеше како тренер на Вецлар во германската елита, а во оваа земја ги водеше и екипите на Вилштат, Касел и Шалксмихел/Халвер. Покрај овие екипи, Марковиќ беше тренер и на Босна Сараево, Борац Бања Лука и Азоти Пулави.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО