Маркињос: Во Париз не смееме да пропуштиме толку многу шанси

Дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос по поразот од Борусија Дортмунд (0:1) на првиот меч во полуфиналето на ЛШ, вели дека ова беше еден голем тест за неговиот тим.

– Игравме со две екипи кои вршат притисок и сакаат да ја имаат топката во посед. Ова беше силен тест за нас. Имавме чисти шанси кои не требаше да ги пропуштиме. Дома треба максимално да ги искористиме ако сакаме да стигнеме до финалето.

Тимот беше малку неорганизиран, па вреди да се биде внимателен. Покажавме дека можеме да се вратиме. Со нашите навивачи ќе биде поинаку во Париз, смета Бразилецот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО