(ВИДЕО) НБА плеј-оф: Одличниот Дончиќ го собори рекордот на Џордан

Далас маверикс го победија Лос Анџелес клиперс со 123:93, на гости во петтиот натпревар од првата плеј-оф рунда на Западот, и поведoa со 3:2 во серијата.

Лука Дончиќ ги предводеше Маверикс до победата и покрај болките во повреденото десно колено, симптомите на грип и признанието дека ќе го пропуштеше натпреварот доколку се играше во регуларниот дел од сезоната, а не во плеј-офот.

Дончиќ на овој меч постави и нов рекорд. Тој постигна 35 поени, на 16-от последователен плеј-оф натпревар на гости со 20 или повеќе поени, со што стана првиот играч во НБА историјата на кого тоа му успеало.

Досега тој беше изедначен со Мајкл Џордан (15 гостувања по ред со 20+ поени), откако веќе го надмина Карим Абдул-Џабар (12).

Дончиќ забележа 10 скока и седум асистенции и беше најдобар играч на Маверикс во сите три статистички категории. Макси Клебер додаде 15, а Кајри Ирвинг 14 поени, и шест асистенции за тимот од Тексас.

Кај Клиперси, Хрватот Ивица Зубац (шут 7/8 за 25:41 минута) и Пол Џорџ (шут 4/13) постигнаа по 15 поени. Во отсуство на Кави Ленард, офанзивниот товар се обидоа да го преземат Џејмс Харден и Расел Вестбрук, но не се прослација, постигнаа вкупно 13 поени, комбинирани 4/23 удари од поле!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО