Мануел Нојер го собори рекордот на Швајнштајгер

Голманот на репрезентацијата на Германија, Мануел Нојер продолжува да пишува историја со германскиот национален тим. Во победата од 2:0 над Данска во осминафиналето на ЕУРО 2024 година, тој го забележа својот 19-ти настап за Бундестимот на едно европско првенство и го собори претходниот рекорд на Бастијан Швајнштајгер од 18 настапи.

38-годишниот Нојер ја одбележа својата рекордна игра со одлично издание – не дозволи гол во својата межа, а имаше и неколку важни интервенции на натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО