Гундоган: Заслуживме да победиме, оваа игра долго ќе се памети

Капитенот на Германија, Илкај Гундоган, вели дека мечот против Данска, кој Бундестимот го доби со 2:0 за пласман во четврт-финалето на ЕУРО 2024, долго ќе се памети.

– Овој натпревар ќе се памети долго! Тој беше прилично чуден да бидам искрен. Беше доста спорни ситуации, а ние имавме и среќа. Данска се бранеше добро во поголемиот дел од времето, но ние заслуживме да победиме, рече Гундоган.

– Атмосферата беше одлична. Дури и додека свиреше химната, се чувствуваше дека луѓето се подготвени да не поддржат. Не очекував ништо поразлично од Дортмунд да бидам искрен. Секогаш е убаво да се вратиш овде, а сега со нетрпение очекувам да ја видам атмосферата во Штутгарт, додаде играчот од средниот ред на Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО