Обрадовиќ: Веднаш по аеродромот, на тренинг, да видам што се случува со некои од играчите

Партизан вечерва победи во Подгорица, на гостувањето кај Будуќност, во рамки на 25. коло од АБА првенството, каде победија со резултат 89:83.

Обрадовиќ иако среќен поради победата, делумно се чини дека и не е баш задоволен од прикажаното на терен од неговите момци.

– Рецептот е сите да бидат на високо ниво, игравме пред некој ден со Олимпијакос, а учинокот на играчите од клупа беше три поени, што јасно укажува на тоа дека кошарката не се игра со пет кошаркари. Кошарката не е само кошот, има многу сегменти во кои може да му помогнете на тимот. Затоа, им закажав тренинг на некои од момците наутро, веднаш што ќе слетаме на аеродром, па да видам што се случува со неколкумина, порача Обрадовиќ.

Тој се надоврза и на распоредот, односно на нивните приоритети:

– Ни следат уште два меча во Евролигата, имаме шанси за плеј-ин, што се однесува до АБА лигата, не би се залетал дека ќе играме со Будуќност и во доигрувањето во АБА лигата, се надоврза Жељко Обрадовиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО