Манчестер Јунајтед му понудил трампа-трансфер на Фернандеш?

Во Манчестер Јунајтед ова лето во најава се големи промени, а тоа не се однесува на тренерот, односно без оглед на тоа дали Тен Хаг ќе преживее, промени во играчкиот кадар ќе се случат.

Еден од играчите од кои навивачите, но и клубот, не се задоволни е Бруно Фернандеш, играчот кој требаше да биде столб во играта, но сезонава има катастрофални бројки.

Сега како што тврдат медиумите во Англија, Јунајтед ќе му понуди размена на Бруно Фернандеш, односно трансфер на кој можеби ќе биде принуден ако го прифатат него во клубот со кого Јунајтед ќе прави трампа.

Сезоната Фернандеш нема некој посебен скор, има само двете голови и седум асистенции, а тоа е најава дека може да замине од клубот.

Се шпекулира дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го трампа Бруно Фернандеш со Барселона за Френки де Јонг, кој беше првобитна желба на Тен Хаг, кога холандскиот стратег го преземаше англискиот великан.

– Некои работи не зависат од мене, не знам дали ќе бидам овде и понатаму, порача Бруно Фернандеш неодамна, со што ја заинтригира јавноста и најави дека се е можно ова лето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО