Јавно се извини поради поразот од Новак Ѓоковиќ – Французионот го анализираше мечот

Французинот Корентин Муте јавно им се извини на сите за поразот од Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Рим со 2:0 (6:3, 6:1).

-Се извинувам за мојот настап вечерва. Посакувам да можев себеси и нему да му дадам подобра битка, но не го направив тоа. Ништо освен почит кон Новак, се разбира, за сето она што го постигна и она што го прави за играчите и тенисот. Ќе се обидам повторно да добијам шанса да играм против него, напиша Муте.

Ѓоковиќ по дуелот се најде среде инцидент, кога шише го погоди во глава.

Новак потоа објави дека се работело за несреќен случај и дека се чувствува добро.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО