Манасков: Секогаш било забавно да се игра во Битола

Дејан Манасков официјално беше претставен како нов ракометар на Еурофарм Пелистер откако го задолжи дресот со број 11.

Во своето прво излагање за медиумите имаше само пофални зборови за новата средина.

-После поопсежни преговори кои траеја подолго време на крајот успеавме да се договориме. Чест и задоволство ми е што дојдов во Битола, тука во градот навивачите го познаваат ракомето многу добро. Сум настапувал многу пати овде, секогаш било забавно од другата страна, сега патот ме донесе да бидам од домашната страни.

-Не очекува возбудлива сезона, знам кои се целите на клубот и затоа дојдов. Секогаш во кариерата сум целел на највисоки цели, па така и тука а тоа е двојна круна. Ќе биде тешко, но затоа сум тука. Имаме добра екипа, со квалитетни играчи на сите позиции, останува да се воиграме, заедно сплотено да ги оствариме целите на клубот.

Ќе ми биде драго што после години ипол ќе се вратам во ЛШ, натпреварување каде 11 години по ред настапува. Се надевам ќе освоиме некој бод во останатите четири меча и тие дуели да ги искористиме да се припремиме за она што не очекува во домашната лига и купот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО