Роналдо: Обожавам да го гледам Манчестер – но не Јунајтед!

Кристијано Роналдо е апсолутна легенда на „црвените ѓаволи“, но неговата последна изјава, може да ги вознемири навивачите на овој клуб.

Португалецот во своето последно појавување до медиумите, истакна дека обожавал да ја гледа играта на Манчестер Сити, за која смета дека е атрактивна под раководство на Пеп Гвардиола.

Познато е дека Роналдо си замина пред извесен период од Јунајтед под доста контроверзна ситуација, но сега како да се обиде да ги боцне на Олд Трафорд, посебно тренерот Тен Хаг со кој имаше исклучително лоши односи.

– Сити е страшен тим, имаа неверојатна сезона, сите комплетно беа перфектни. Конечно дојдоа до трофеј во ЛШ, тоа и го посакуваа и го остварија. Навистина уживам да ги гледам. Тие имаат добри шанси да ја одбранат титулата во ЛШ. Моите фаворити се Реал, Сити, Баерн Минхен, порача Кристијано Роналдо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО