Првиот човек на Партизан се огласи по вулгарната порака: Ние сме господски клуб, фрустрации лечете на друго место

Претседателот на Партизан, Остоја Мијајловиќ, се огласи на социјалните мрежи по повод навредливата и вулгарна порака која дел од навивачите на Панатинаикос ја упатија кон „црно-белите“ за време на натпреварот одигран вечерва.

Во прашање е фотографија која беше уловена од режијата во салата во Грција.

– Ние ве еб***, Хрватска ве е**, вашите браќа се заклучени во школите, пишуваше на транспарентот во салата.

– Им честитам на Панатинаикос на заслужената победа. Но авторите на оваа срамна порака сакам да им кажам дека Партизан е господски клуб, а Србија секогаш добар домаќин. Своите фрустрации, лечете ги на друго место, спортот оставете го да биде и понатаму убав каков што е, порача Мијајловиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО