Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките за ЕП во Германија

По кратката дводневна пауза за Нова година, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров со своите избраници ги продолжува подготовките за Европското првенство (ЕП) во Германија (од 10 до 28 јануари).

Во рамките на втората фаза од подготовките ќе бидат одиграни и две контролни средби со Грција во Скопје. Првата е закажана за 4 јануари  (17) часот во салата на СЦ „Борис Трајковски“ и е отворена за јавноста, додека втората, на 5 јануари ќе биде од затворен тип.

Првиот дел од подготовките македонските ракометари ги одработија во Стара Пазова, Србија каде што тренираа девет дена. Тие одиграа и една контролка со Црна Гора што ја добија со 54:51.

Македонија на ЕП 2024-та е во групата А со домаќинот Германија, со Франција и со Швајцарија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО