Брера Струмица ја започна новата година со уште две заминувања

Младиот 21 годишниот напаѓач Папа Оумар Сисе од Сенегал кој во редовите на Брера Струмица дојде летово , нема да настапува во продолжението на првенството. Управата на клубот и Сисе се договорија и одлучија спогодбено да го раскинат договорот.

-Сисе во нашиот клуб дојде во јули, месец дена пред стартот на првенството од италијанскиот клуб Авецано. Во есенскиот дел од првенството за нашиот сениорски состав имаше 14 настапи при што беше асистент на гол во дуелот со Струга ТЉ.

Пралалено ја информираме јавноста дека истече Договорот со фудбалерот Христијан Малески кој беше на позајмица во клубот. Тој се враќа повторно во Струга Трим Љум, од каде летово дојде во нашите редови. 21 годишниот Малески во дресот на Брера доби шанса на 10 првенствени меча при што постигна гол во мечот со Тиквеш од Кавадарци

Упатуваме благодарност до Малески и Сисе кои беа дел од нашиот состав и за нивниот професионален однос и им посакуаме многу успех во понатамошната кариера, порачаа од таборот на струмичани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО