(ВИДЕО) Јокиќ повторно доминантен; новиот трипл-дабл ефект има посебно значење

Никола Јокиќ доминираше под кошевите на натпреварот Денвер нагетс – Голден Стејт вориорс, 119:103. Српскиот центар и на третиот меч по Ол-стар викендот забележа трипл-дабл ефект, 18-ти сезонава, 122-ри во регуларниот дел од.сезоната.

За Јокиќ овој трипл-дабл (32 поени, 16 скока и 16 асистенции), во седмата последователна победа на Нагетс против Вориорс и 10-та на последните 11 натпревари, имаше посебно значење.

Тоа беше трет негов трипл-дабл во кариерата со учинок од над 30 поени и над 15 скокови и асистенции со што го надмина легендарниот Вилт Чембрлен. Само Оскар Робертсон постигнал повеќе вакви ефекти од Јокиќ во НБА историјата, 11.

Џамал ​​Мареј беше одличен во победата на Нагетс со 27-те поени. Арон Гордон даде 17 поени, плус шест асистенции и три „украдени“ топки.

За противничкиот тим Стивен Кари постигна 20 поени, но со уште една лоша шутерска вечер за три поени. За многумина, најдобриот шутер на сите времиња погоди само еден од 10-те тројки или шест од вкупно 19-те удари. Клеј Томпсон постигна 23 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО