Македонија за билет на СП 2025 ќе мора преку Фарските Острови

Македонската сениорска ракометна машка репрезентација го доби противникот во бараж мечот за пласман на Светското првенство 2025 кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашите ракометари за пласман на Мундијачот ќе играат двомеч против доста незгодната селекцијата на Фарски Острови.

Македонија првиот меч го игра на гостински терен. Бараж натпреварите се предвидени да се одиграат во периодот од 08. до 12.мај 2024 година.

Фарските Острово на тековното ЕП кое е во самата завршница беа едно од најголемите изненадувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО